9 прашања за замена на покрив

Кога сакате да го замените вашиот стар покрив, тоа сакате да го направите со сигурен и траен покривен систем како долгорочно решение. Исто така, сакате да избирате од различни дизајни и стилови што ќе соодветствуваат на вашата куќа.

Во однос на монтажата, цел на секој сопственик на куќа е покривот да му биде заменет брзо, евтино и со колку што е можно помалку нервоза. Токму покривопокривачите на Gerard се обучени да го постигнат тоа; во продолжение е даден водич за замена на покриви со објаснување чекор по чекор. Истражете пред да разговарате со изведувачи на покриви.

Покривите GERARD® ви овозможуваат да го креирате стилот што го сакате избирајќи меѓу различните стилови на покривните плочи, плочите shake или шиндрата. Системот може да ги задоволи техничките барања за лесен покрив, а тоа значи дека старата покривна конструкција не треба да се зајакнува со GERARD, што можеби би било потребно со некои други покривни материјали, како во случајот на тешки покривни плочи од глина или од бетон. Покривите GERARD може да се постават и на мал наклон, дури и од 12 степени без течење.

Грижите за покривање на покривот оставете ги зад вас.

Изборот на покривот што ќе го направите има долгорочни последици. Направете го тоа како што треба и вашиот живот и животот на вашето семејство ќе биде побезбеден – без грижи за течењето, одржувањето или за екстремните временски услови.

Вашиот нов покрив можe да додадe вредност.

Вашиот проект за замена на покривот претставува и можност да го подобрите изгледот на вашиот дом и често со тоа се зголемува и продажната цена што може да се добие.

Сега да ги видиме најчесто поставуваните прашања во врска со замената на покривот! Продолжете да читате!