Колку чини тоа?

Кога станува збор за трошоците за покривање покрив, има стапици во кои може да се фатат луѓето. Водете сметка да не станете жртва на една од овие лаги:
  • Покривот е покрив, дури и ако е поевтин: Ако сакате евтино да го поставите новиот покрив за да ви трае 15-20 години, на крајот ќе платите повеќе. Долгорочно, плаќате помалку ако еднаш инвестирате во покрив GERARD со гаранција од 50 години. Притоа, себеси си ја заштедувате целата мака што доаѓа со големиот проект за заменување на покривот.
  • Она што е важно е цената на квадратен метар плочи: Плочите од некои производители често се продаваат по привлечно ниска цена или намерно се намалуваат на така ниска цена, но нивните дополнителни делови за покривање на покривот (на пример, корита, ували, опшивки итн.) се исклучително скапи. Трошоците за поставување ќе ги поскапат и плочите за покривањето на покривот што изгледаат евтино. Секогаш споредувајте ги вкупните трошоци на покривот од различни марки.
  • Подготовките не се дел од трошокот за новиот покрив: Добро, што станува со вадењето на старата дрвена покривна конструкција и изградбата на нова што ќе биде доволно силна за новите тешки плочи од глина или од бетон. Во случај на покривот GERARD ништо од овие екстра, неочекувани трошоци нема да ви го оптовари буџетот. GERARD е дури седумпати полесен од покривот од плоча или од бетонскиот покрив и вашата стара дрвена покривна конструкција може да биде доволно силна за да го држи. Тој може дури да се постави врз вашиот стар покрив со што ќе заштедите многу пари и време.
Други фактори што влијаат врз цената на секој покрив:
  • Нов дом или замена на стар покрив: Замената на стариот покрив има дополнителни трошоци, како што се вадење и отстранување на стариот покрив.
  • Дали треба да ја заменам изолацијата на плафонот? Многу е полесно и побрзо да се монтира изолацијата кога е изваден покривот. Изолацијата на плафонот е прашање што ја прави најголемата разлика во одржувањето на топлината на домот. Замената на изолацијата е полесна кога е изваден покривот и честопати поевтино отколку нејзина замена низ плафонот. Можеби ќе треба да се замени изолацијата ако нејзината дебелина е помала од 12 cm, ако има дупки или парчиња што недостигаат или ако се навлажнила или е оштетена.
  • Големина: Поголемите, посложените покриви, генерално, се поскапи; меѓутоа, цената по квадратен метар може да се намали кај поголемите покриви. 
  • Избор на производ: Профилот, завршната обработка и бојата што ќе ги изберете може да влијаат врз трошоците, поради тоа што некои избори се поскапи од други. 
  • Сложеност на дизајнот: Како правило, колку повеќе агли има вашиот кров, толку се поголеми трошоците. Врз трошоците влијае и стилот на покривот. 
  • Локација: Транспортните трошоци и близината до вашиот најблизок монтажер ќе влијаат врз трошоците.
  • Пристапност до локацијата: За невообичаени места може да биде потребна посебна опрема за пристап.
  • Висина на покривот: За некои локации ќе бидат потребни поголеми скелиња и заштита на рабовите од паѓање во текот на поставувањето.
  • Наклонот на покривот и растојанието на роговите: Покривите со поголем наклон или со поголеми растојанија меѓу роговите, генерално, чинат повеќе. Кај двокатните куќи од покривната покривка и од наклонот зависи видот опшивка што ќе биде потребен за горниот кат. 
  • Дополнителни комплексни трошоци: Оџаците, покривните прозорци, тесните грбини и косите засеци ќе ги зголемат трошоците на покривот.