Како да ја изберам вистинската боја за својата куќа?

Покривот претставува голем дел од домот, па изборот на боја може да претставува голема одлука за сопственикот.Одлично е ако можете да го користите Конфигураторот на покрив што визуелно го прикажува вашиот покрив. Навистина имаме среќа што имаме еден таков конфигуратор! Кликнете на Конфигуратор на покрив GERARD.

Но ако сакате малку подетално да размислите за оваа важна тема, ви подготвивме некои идеи на стручњаците што може да ви помогнат при изборот на бојата на вашиот покрив.

    • Бои на покриви

Експериментирајте со контрастни бои или изберете ги посуптилните разлики кога ја избирате бојата на вашиот покрив. Единствено што сакате да го избегнете се идентични бои.Разликата во боите е тоа што им дава дух на надворешните бои.Ако истовремено ја менувате и бојата на фасадата, размислете за тоа прво да ја изберете бојата на покривот бидејќи постојат повеќе нијанси на фасадни бои од достапните бои на покриви.Запомнете дека покривот учествува со околу 39% во вкупниот визуелен ефект на вашиот дом, па затоа е важно да ја изберете вистинската боја!Ставете ги примероците на боите на покривот покрај вашите обоени фасади за да добиете совршен спој. 

Детали

Ќе се изненадите колкава разлика прават деталите, како што се олуците, фризот, натстрешниците и цевките на олуците. Повеќето консултанти за бои се согласуваат дека спарувањето на боите на олукот и на покривот е најдобар пристап затоа што,чест на исклучоците, олуците и цевките за олуците не се стилски елементи на куќата и колку што се помалку забележливи, толку подобро.

  • Топлина и сончева светлина на вашиот покрив

Вашиот покрив ја апсорбира топлината од сонцето и ја пренесува во куќата. Посветлите бои подобро одбиваат од темните бои, па ако изберете боја што е неколку нијанси посветла, ќе може да уживате во поголема свежина во вашиот дом.Од друга страна, не треба да претерате и да изберете бела боја. Не заборавајте на изолацијата бидејќи тоа е најдобрата заштита од топлина и од студ.

  • Дополнителни совети за избор на бојата

Профилот и висината на вашиот покрив, како и опкружувањето во кое се наоѓа вашата куќа, исто така, може да имаат значајна улога за општиот впечаток што го остава вашата куќа.

Откако ќе ја изберете бојата на покривот, ви советуваме да се погрижите таа да се согласува со остатокот од куќата, така што во дворот ќе ја повторите истата боја во помало количество на три различни локации (на пример, сандачето за пошта, шупата во бавчата и вратата на гаражата или оградата пред куќата).Ставајќи боја на овие места, особено пред куќата, му давате урамнотежен изглед на својот дом.

Немојте да се потпирате на боите во брошурата; тешко е да се усогласи бојата во печатено издание со вистинската боја, па затоа побарајте примероци на боите.