Услови за употреба и политика на обработка на податоци

Услови за употреба и политика на обработка на податоци

I. Општи одредби

 

I/1. Оператор

Со оваа веб-страница управува IKO Metals Europe NV. (регистрирано седиште: Michielenweg 3, B-3700 TONGEREN, BELGIUM,.; е-пошта: info.europe@ikometals.com, во натамошниот текст „Оператор“, а во однос на обработката на податоците „Ракувач со податоци“). Личните податоци што ги даваат корисниците на веб-страницата ги обработува Операторот.

 

I/2. Корисник

Корисници се сите лица што ја посетуваат веб-страницата или ги користат нејзините услуги, без оглед на регистрацијата. Одредени услуги им се достапни само на регистрираните корисници.

 

I/3. Област на примена и на измена на Политиката

Областа на примена на оваа Политика за условите на употреба и за обработката на податоци (во натамошен текст: „Политика“) ги вклучува услугите што ги дава и обработката на податоци што ја извршува Операторот во врска со оваа веб-страница (во натамошниот текст „веб-страница“).

Ако овде не е поинаку предвидено, областа на примена на Политиката не вклучува услуги за обработка на податоците што се однесуваат на промоција, наградни игри, услуги, други кампањи и содржини што се обелоденуваат во рекламите на трети лица или поинаку се појавуваат на веб-страницата. Ако овде не е поинаку превидено, областа на примена на Политиката не вклучува услуги и обработка на податоци на веб-страниците и на давателите на услуги во врска со веб-страницата преку линковите што се појавуваат на веб-страницата.

Операторот го задржува правото да ја измени Политиката. Операторот е должен на барање да ги извести корисниците за претходните измени. Операторот е должен да ја објави изменетата Политика на веб-страницата, а измените стапуваат во сила дури по таквото објавување. Откако на веб-страницата ќе бидат објавени измените, тие се применливи на корисниците без натамошни известувања или работи. Операторот не е должен на своите корисници да им прати посебно известување за измените.

 

I/4. Активности на Операторот, цел на веб-страницата

Операторот е деловна организација што се занимава со дистрибуција и со производство на покривни производи GERARD на професионално ниво. Давањето услуги не се врши само во Унгарија туку производите се дистрибуираат низ Европа.

Цел на оваа веб-страница е на сите посетители да им се претстават производите што ги дистрибуира и услугите што ги дава компанијата, а истовремено да се дадат и информации за достапноста на таквите производи и услуги, како и да се даде опис на Операторот и на неговите активности.

 

 

I/5. Меродавно право

Операторот е деловна организација основана во Унгарија и се занимава со активности што првенствено се во согласност со законите на Унгарија. Ако активностите на давање услуги – вклучувајќи рекламни и дистрибутивни активности – ја преминат границата на Унгарија, се применуваат законите на таа држава.

Ако е можен избор на надлежности, Операторот ја избира примената на законите на Унгарија.

Ако постои можност да бидат надлежни различни судови или надлежни органи, Операторот ја избира надлежноста на органите и на судовите во Унгарија.

 

 

II Обработка на податоци

 

II/1. Правна основа и принципи на обработка на податоци

Личните податоци ги обработува Операторот.

Правната основа за обработка на податоците е доброволна согласност на релевантните лица. Со користење на веб-страницата и со регистрација на страницата, релевантните лица безусловно ја прифаќаат оваа Политика. Оваа Политика се смета за соодветно известување упатено до релевантни лица.

Операторот ги обработува само оние лични податоци што ги доставиле лицата на кои се однесуваат податоците или кои се добиени во текот на активностите во врска со веб-страницата што ги вршат лицата на кои се однесуваат податоците. Операторот ќе ги вложи сите разумни напори сосема да постапува во согласност со правата на лицата на кои се однесуваат податоците.

Операторот ги обработува сите лични податоци со цел давање и развој на услуги на веб-страницата. Поради тоа, цел на обработката на личните податоци е идентификацијата на лицата на кои се однесуваат податоците, давањето услуги и анализа и развој на веб-страницата. Операторот не обработува податоци чија обработка не е неопходна за постигнување на горенаведените цели.

Операторот е должен да вложи разумни напори за да обезбеди целосно почитување на следниве принципи што се однесуваат на обработката на лични податоци:

- личните податоци може да се обработуваат исклучително со одредена цел;

- сите фази на обработката на податоците се вршат во согласност со одредена цел, вклучувајќи го и обемот на податоците што се обработуваат;

- личните податоци се собираат и се обработуваат на чесен и законит начин;

- податоците се точни, целосни и ажурирани;

- ако не е неопходна идентификација на лицата на кои се однесуваат податоците, обработката на податоците ќе биде така приспособена што ќе биде невозможна идентификација на лицата на кои се однесуваат податоците;

- правата на лицата на кои се однесуваат податоците мора адекватно да се почитуваат;

- лицето на кое се однесуваат податоците мора да биде уредно известено и свесно за горенаведениот и за точниот обем на неговите лични податоци што се обработуваат.

 

 

II/2. Место на обработка на податоците, меродавно право

Обработката на податоците се врши во седиштето на Операторот, разгранокот или филијалата или во просториите на лице што е задолжено за давање услуги за техничка обработка на податоците за потребите на Операторот по основа на договор за давање услуги. Одлуките за обработка на податоците ги носи Операторот.

Имајќи ги предвид одредбите од Дел I/5, Ракувачот со податоци е унгарско правно лице, а местото на обработка на податоците е во Унгарија. Во согласност со тоа, во обработката на податоците се применуваат законите на Унгарија, првенствено Законот за информациско самоодредување и за слобода на информации CXII од 2011 година.

Во текот на обработката на податоците Операторот ја почитува Директивата 95/46/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот за заштита на поединците во поглед на обработката на личните податоци и слободното движење на таквите податоци.

 

II/3. Регистрација

За посета на веб-страницата не е потребна регистрација; меѓутоа, одреден дел од услугите им е достапен само на регистрираните корисници.

 

II/4. Цел и најважни правила за обработка на личните податоци

Примарна цел на обработката на податоците добиени низ регистрација е идентификација на корисниците и комуникација со нив. Други цели на обработката на податоците се давање на услугите што ги нуди веб-страницата, развој на таквите услуги и праќање билтени и реклами на корисниците.

Во текот на обработката на податоците Операторот е должен да ги почитува одредбите од релевантните закони, особено од Законот за информациско самоодредување и за слобода на информациите CXII од 2011 година.

Правната основа за обработка на податоците во секој случај е согласноста што ја дава лицето на кое се однесуваат податоците.

Операторот го задржува правото да ја измени содржината на образецот за регистрација, да ги избрише полињата за внесување податоци или да направи нови, особено ако тоа стане неопходно или оправдано по основа на барањата на корисниците или измена на законот. Операторот е должен да ги извести корисниците за измените. Операторот не смее да ги менува податоците што ги даваат корисниците.

Покрај наведеното, за одредени услуги може да биде потребна дополнителна обработка на податоците Во секој случај Операторот мора да даде соодветни информации за деталите на таквата обработка на податоците што се заснова врз доброволна согласност на корисникот.

 

II/5. Пристап до одредени податоци, пренос на податоци, користење на податоци

Пристапот до податоците им е овозможен на лицата што постапуваат во интерес на Операторот – значи на негови застапници и вработени – на кои таквите податоци им се неопходни за да ги извршат своите активности и кои се запознаени со обврските што се однесуваат на обработката на податоците.

Операторот може одредени податоци да им ги пренесе или да им ги стави на располагање на трети лица само ако лицето на кое се однесуваат податоците изречно го одобри или ако тоа го наложува законот.

Операторот има право, во согласност со релевантните закони, да ги користи услугите на давателот на услуги за техничка обработка на податоци за потребите на одредени технички операции. Давателот на услуги за техничка обработка на податоци е овластен само да ги извршува одлуките на Операторот, во согласност со инструкциите што ги има добиени од Операторот. Ангажирањето на давател на услуги за техничка обработка на податоци не влијае врз одговорноста на Операторот.

Во согласност со одредбите од Дел II/4, Операторот ги користи податоците што ги дале корисниците првенствено за потреби на идентификација, комуникација, давање и развој на услуги и за праќање билтени и реклами.

Операторот има право да ги користи податоците во статистички цели, но исклучително во форма во која не е можно да се идентификуваат корисниците. Операторот има право да ги користи техничките податоци што се евидентирани во согласност со одредбите од Дел II/11 за статистички цели.

 

II/6. Обработка на податоци за потребите на рекламирање и истражување

Операторот има право да ги користи податоците за корисниците (адреса на е-пошта, поштенска адреса, број на телефон, други идентификатори што се користат за комуникација) заради праќање електронски пораки што се однесуваат на Операторот, на неговите активности и на веб-страницата за промотивни цели, на билтени што се однесуваат на неговите услуги, писма што содржат реклами или за праќање на други известувања од таква природа на корисниците. Со регистрацијата корисникот му ја дава својата изречна согласност на Операторот за приложување реклами со известувања, билтени и други информативни дописи.

Со регистрацијата корисникот му ја дава својата изречна согласност на Операторот да може да му праќа реклами преку директна пошта или да ги користи податоците на корисникот за наведените цели. Согласноста се применува за сите комуникации што се праќаат по е-пошта, по телефон, по пошта или на друг начин.

Корисниците му даваат согласност на Операторот за користење на податоците што се добиени со користење на веб-страницата за рекламни цели, со цел праќање целни, приспособени понуди на корисниците.

Операторот може да ги користи обработените податоци заради приспособување на рекламните површини што се појавуваат на страниците што се преземаат и да ја избере страницатс што ќе се вчитува кога корисникот ќе излезе од веб-страницата. Овие активности се вршат автоматски, без интервенција од човек, со посредство на компјутерска програма.

Операторот може да ги користи податоците што се предмет на обработка со цел анализа на мислења, истражување на пазарот, формирање примероци за истражување или за контакти со корисниците во текот на истражувањето.

 

II/7. Траење на обработката на податоците

Операторот ќе ги избрише податоците ако:

- нивната обработка е противзаконска или ако со закон е предвидено такво бришење;

- лицето на кое се однесуваат податоците го бара тоа;

- податоците се недостатни или лажни, што ја прави нивната употреба невозможна;

- целта на обработката на податоците е застарена;

- тоа го одреди надлежен орган или суд.

 

Корисникот може да бара бришење на своите лични податоци. По приемот на такво барање од лицето на кое се однесуваат податоците системот на Операторот ги брише податоците во рок од пет работни дена. Бришењето на податоците што се задолжителни за регистрација води до бришење на регистрацијата.

Бришењето на личните податоци значи дека податоците ќе станат непрепознатливи, така што врската меѓу податоците и лицето на кое се однесуваат податоците нема да може повеќе да се воспостави.

Во случај ако постои договорен однос меѓу корисникот и Операторот според граѓански закон, за обработката на податоците се применуваат и прописите на граѓанското право. Во тој случај личните податоци може да се обработуваат во интерес на реализацијата на барањата што се поднесени според граѓанскиот закон. Во случај на поведување административна или судска постапка поради незаконско постапување на корисникот, Операторот може да ги обработи податоците заради успешно решавање на таквата постапка.

 

II/8. Права на лицата на кои се однесуваат податоците, заштита на приватноста

Корисникот има право да ги измени своите податоци, а во случај на лажни податоци што корисникот не може да ги измени, тој е должен да бара измена од Операторот. Корисникот има право да избрише одредени свои податоци или целата регистрација. Корисникот може да бара информации за обработка на своите податоци. Операторот, исто така, може да ги достави таквите информации по пат на електронска пошта.

 

II/9. Бришење на регистрацијата и на податоците на барање на лицето на кое се однесуваат тие податоци

Корисникот може да побара бришење на својата регистрација. Операторот е должен да го исполни барањето во рок од пет работни дена. Ако корисникот ја избрише својата регистрација, нема да има право да ги прима услугите што се предмет на регистрација.

По бришењето на регистрацијата Операторот може да ги користи податоците за статистички цели во форма што оневозможува идентификација; меѓутоа, тоа не значи дека подоцна не е можно да се обнови регистрацијата.

Во случај на сомнение дека лицето на кое се однесуваат податоците барало бришење на податоците – особено ако барањето за бришење не е примено од адресата на е-пошта што ја доставило лицето на кое се однесуваат податоците – Операторот може да бара од лицето на кое се однесуваат податоците да се идентификува соодветно.

II/10. Безбедност на податоците

Операторот е должен да ги примени сите разумно неопходни мерки за да ја обезбеди безбедноста на податоците, за да обезбеди соодветна заштита на податоците, особено од незаконски пристап, менување, пренос, обелоденување, бришење или од уништување, како и од случајно уништување или повреда.

Операторот ја обезбедува безбедноста на податоците така што ги применува сите неопходни техники и организациски мерки.

 

II/11. Обработка на податоци за технички цели

Системот на Операторот автоматски ја евидентира IP-адресата на корисникот на компјутерот, почетниот датум на посетата и, во одредени случаи, во зависност од нагодувањето на компјутерот, од типот пребарувач и од оперативниот систем. Податоците што се евидентираат на тој начин не може да се комбинираат со други лични податоци. Обработката на овие податоци служи исклучително за статистички цели.

Давателот на услугите го задржува правото да постави датотеки со податоци (колачиња) на компјутерот на корисникот, во согласност со посебното известување што се прикажува на екранот на компјутерскиот корисник.

 

II/12. Регистар на заштита на податоци

 

Операторот го известува комесарот за заштита на податоците за своите активности во поглед на обработката на податоците за да може да биде внесен во регистарот што го води комесарот. Откако ќе го добие бројот на регистрација, ракувачот со податоци го наведува тој број во оваа Политика.

 

III. Правила што се однесуваат на корисникот

 

III/1. Обврски и одговорности на корисникот

При доставувањето на податоците корисникот е должен да посветува должно внимание. Операторот нема да биде одговорен за штетата што е настаната поради недостиг од соодветна заштита на податоците од корисникот.

Корисникот може да ја користи веб-страницата исклучително на сопствен ризик. Операторот не презема одговорност за штетата и за непријатностите што ќе настанат кај корисникот поради непосветување должно внимание при користењето на страницата. Корисникот може да ги стави своите податоци на располагање на јавноста или на други лица исклучително на сопствен ризик.

При користењето на станицата корисникот е должен да постапува чесно и имајќи ги предвид правата и интересите на другите.

Корисникот е должен да ги почитува одредбите од важечките прописи и во текот на користењето да се воздржи од какви било активности што се незаконски или ги загрозуваат интересите на други лица. Тоа особено значи, без ограничување, дека корисникот е должен да ги почитува правото на приватност на другите, моралните права, правата на интелектуална сопственост, со посебно почитување на прописите што предвидуваат заштита на литературните, научните и на уметничките трудови, пронајдоци, дизајни, корисни модели, жигови и комерцијални ознаки што се заштитени со законите за заштита на интелектуалната сопственост. Корисникот е должен да се воздржи од прекршоци или од кривични дела и од користење безобразни, непристојни и други термини или изрази што може да погодат други лица.

Сите корисници треба да избегнуваат активности што оневозможуваат нормална употреба на страницата. Сите корисници треба да избегнуваат активности што им штетат на интересите на Операторот. Корисниците се особено должни да:

- се воздржат од попречување или од оневозможување на работата на страницата;

- ги избегнуваат сите активности што имаат цел стекнување или користење на деловните тајни на Операторот или на други доверливи информации;

- се воздржат од секоја комуникација што вклучува лажни информации за услугите;

- ги избегнуваат сите активности што ја загрозуваат IT-безбедноста на страницата;

- се воздржат од сите активности што имаат цел да рекламираат производи или услуги на корисникот или на други лица.

Покрај горенаведеното, Операторот може да стави дополнителни ограничувања за кои е должен да ги извести корисниците.

Во текот на користењето на страницата корисниците може јавно да ги објават или да ги стават на располагање личните податоци на други лица само со согласност од предметните лица на кои се однесуваат податоците. Таква согласност не е неопходна за податоците што се откриваат во текот на јавните настапи на лицата на кои се однесуваат податоците или за податоци што лицето на кои се однесуваат податоците ги изнело во јавност без ограничување.

При регистрацијата корисниците може исклучително да ги доставуваат своите лични податоци. Доставувањето податоци на друго лице се толкува како незаконска обработка на податоци и може да подразбира последици во согласност со релевантните закони. Во случај на злоупотреба на податоците на други лица Операторот ќе им даде поддршка на надлежните органи во текот на истрагата на повредата и идентификацијата на извршителот.

Ограничувањата што се предвидени со овој Дел се применуваат за сите посетители на страницата.

 

III/2. Постапка против корисник и корисници што се одговорни за повреди

Ако корисникот ги повреди одредбите од оваа Политика или од законите и прописите, Операторот може да ја избрише неговата регистрација. Во тој случај регистрацијата на корисникот повеќе не важи и корисникот повеќе не може да ги користи услугите на страницата.

Во случај на судска постапка или на постапка пред надлежни органи поведена против корисникот врз основа на неговото несоодветно однесување, Операторот може, независно од бришењето, да ги зачува податоците на корисникот што се неопходни за идентификација, како и податоците што се однесуваат на повредата и таквите податоци да ги достави до органите на постапување.

Во случај ако корисникот ги повреди правата на трети лица и таквото трето лице има право да поведе постапка, Операторот може му да достави податоци на таквото трето лице, под услов таквото трето лице да го докаже својот законски интерес.

 

 

IV. Исклучување од одговорност на Операторот

 

IV/1. Континуитет на услугите

Операторот се обврзува дека ќе ги преземе сите разумни мерки за да обезбеди непречено и непрекинато давање услуги. Имајќи предвид дека услугите се даваат бесплатно, Операторот не гарантира дека услугите секогаш ќе бидат непрекинати и не може да се смета за одговорен во случај на запирање или на прекинување на давањето услуги. Операторот ќе вложи разумни напори за да ги реши проблемите што ќе се појават или проблемите во работата во текот на користењето на страницата. Меѓутоа, Операторот нема да биде одговорен за таквите прекини или проблеми.

Операторот не презема никаква одговорност за однесувањето на корисниците.

Операторот ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди заштита на податоците на корисниците.

 

IV/2. Одговорност за информациите што се објавени на страницата

Операторот ја користи веб-страницата за презентирање на сопствени производи и услуги. Операторот ги презема сите разумни мерки за да обезбеди точност и целост на информациите. Меѓутоа, тој не презема никаква одговорност во случај ако информациите што се објавени на веб-страницата не се целосно во согласност со производите и со услугите што ги нуди Операторот.

Информациите што се објавени на веб-страницата не може да се толкуваат како понуда. Операторот не презема никаква одговорност во случај услугите и производите што се прикажани на веб-страницата да не се достапни во иднина во количества и со квалитет што се претставени на веб-страницата.

Информациите што се објавени на веб-страницата служат исклучително за информативни цели и не се сметаат за договорни изјави на Операторот, за официјални известувања или за упатства за употреба во кој било случај.

Операторот нема да се смета за одговорен на ниеден начин ако информациите што се објавени на веб-страницата се разликуваат од информациите што се обелоденети од други дистрибутери за исти производи или услуги.

Информациите што се објавени на веб-страницата не ги вклучуваат сите информации за употреба на производот и на услугите ниту, пак, може да се смета дека се изедначени со стручен совет.

IV/3. Одговорност за штета

Операторот ќе биде одговорен за целата штета што му е предизвикана на лицето на кое се однесуваат податоците поради незаконска обработка или повреда на барањата во однос на безбедноста на податоците. Слично на тоа, Операторот ќе биде одговорен за повреда на правото на лицето на кое се однесуваат податоците поради незаконска обработка или повреда на барањата во однос на безбедноста на податоците.

Операторот може да биде ослободен од одговорност ако докаже дека штетата или повредата се предизвикани од причини што се надвор од негова контрола. Не се исплаќаат никакви пенали или надоместок ако штетата е предизвикана намерно или настанала поради груба небрежност од оштетената страна (односно од лицето на кое се однесуваат податоците).

 

За случаите што не се опфатени со оваа Политика се применуваат одредбите од Законот за информациско самоодредување и слобода на информации CXII од 2011 година.

 

 

V Користење на правото

 

V/1. Поплаки доставени до Операторот

Корисниците може да му ги достават своите поплаки и забелешки директно на Операторот, кој ќе ги вложи сите разумни напори за да го обработи и за да го реши прашањето на потенцијалните повреди на правото. Операторот ја анализира примената поплака и го известува корисникот за својот став и за преземените мерки.

 

V/2. Други начини за користење на правата

 

Корисникот може да ги користи своите права во согласност со Законот за информациско самоодредување и слобода на информации на следниов начин CXII од 2011 година:

- со поднесување поплака директно до Ракувачот со податоците, кој ќе ја преиспита поплаката во согласност со Дел V/1;

- со поднесување поплака за обработката на податоците и во тој случај Ракувачот со податоци ќе ја преиспита поплаката во рок од 15 дена и ќе донесе одлука;

- со обраќање до националниот надлежен орган за заштита на податоците и за слобода на информации [Nemzeti Adatvédelmi és Információszabadság Hatóság];

- ќе го искористи своето право пред суд.

 

 

Политика за користење на колачиња

 

Известување за колачиња:

Оваа веб-страница користи сопствени колачиња, како и колачиња на трети лица. Со продолжување на користењето на оваа веб-страница давате согласност за користење на колачињата. (достапни активности: Дознај повеќе/Се согласувам)

Детали за „Дознај повеќе“:

Следниве информации имаат цел да го запознаат корисникот со поединечни детали за поставување, користење и за администрирање на колачиња на веб-страницата gerardroofs.eu. Истовремено се прикажуваат и некои корисни линкови за оваа тема. Ако ви се потребни дополнителни информации што не се наведени овде, може да ни се обратите на: office@gerardroofs.eu

 

ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ ОВАА СТРАНИЦА ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ

Оваа Политика објаснува како се користат колачињата на оваа страница. Политиката подлежи на повремени измени. Кога ќе го направиме тоа, ќе ве известиме на соодветен начин, на пример, со поставување на изменетата Политика на оваа страница со нов датум под „Последна измена“. Со користење на оваа страница се согласувате со поставување колачиња на вашиот компјутер во согласност со условите на оваа Политика. Ако не сакате да ги прифатите колачињата од оваа страница, ве молиме да ги оневозможите или да не ја користите страницата.

 

 

ШТО СЕ КОЛАЧИЊА?

 

Колачињата се текстуална низа на информации што ги пренесува веб-страницата во датотеката на колачиња на пребарувачот на вашиот компјутер, така што веб-страницата може да ве препознае кога повторно ќе ѝ пристапите на страницата и да запомни одредени податоци за вас. Тоа се, на пример, страниците што сте ги посетиле, опциите што сте ги избрале во менито, одредени податоци што сте ги внеле во формуларите, како и времето и датумот на посетата.

 

Постојат два типа колачиња.

 

Основни колачиња: Овие колачиња се неопходни за да може веб-страницата правилно да функционира. Овие колачиња овозможуваат давање услуги, како што се резервации на страницата, пристап до налогот и ажурирање на кантата за купување. Ако се деактивираат, корисникот нема да може да ги користи овие услуги.

 

Колачиња на перформанси: Овие колачиња се користат за следење на перформансите на веб-страницата и за истакнување на деловите на веб-страницата што се важни при посетата на корисникот. Ни овозможуваат да ги поправиме грешките и да откриеме ефикасни решенија за поврзување. Не собираат податоци што ги идентификуваат корисниците.

 

 

ШТО СЕ КОЛАЧИЊА НА ТРЕТИ ЛИЦА?

 

Колачињата на трети лица ги поставува друга организација на страницата што ја посетувате. На пример, веб-страницата може да користи аналитички податоци од трето лице што потоа поставува колаче за да ја овозможи оваа услуга. Веб-страницата што ја посетувате може да има содржини што ги поставиле YouTube или Flickr бидејќи и овие услуги може да ги постават своите колачиња. Веб-страницата може да користи и рекламна мрежа на трети лица за целното рекламирање на својата веб-страница, тие имаат можност да ги следат вашите пребарувања на различни страници. Оваа веб-страница не го користи овој вид колачиња.

 

 

ПРАШАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ЗА ПРИВАТНОСТА НА КОЛАЧИЊАТА

 

Колачињата НЕ СЕ вируси. Колачињата користат обичен текстуален формат. Тие не се составен дел од кодот, а поради тоа не може да се извршуваат ниту, пак, може сами да се покренат. Според тоа, тие не прават свои копии и не ги праќаат на другите мрежи за извршување и за копирање. Бидејќи не може да ги извршуваат овие функции, не спаѓаат во стандардните дефиниции за вируси.

 

КОЛАЧИЊАТА може да се користат за злонамерни цели. Со оглед на тоа дека чуваат податоци за саканите нагодувања и за историјата на пребарувањата на корисникот на одредена страница и при пребарувањето на повеќе страници, колачињата може да се однесуваат како шпионска програма, таканаречен спајвер. Токму поради овој проблем многу производи против спајвер рутински ги означуваат колачињата како кандидати за бришење по стандардното скенирање во потрага по вируси и/или спајвер.

 

 

ОДБИВАЊЕ НА КОЛАЧИЊА

 

Повеќето пребарувачи првобитно се нагодени да прифаќаат колачиња. Меѓутоа, вие имате можност да ги оневозможите колачињата ако сакате, така што ќе ги измените нагодувањата на интернет-нагодувањата на својот пребарувач. Исто така, можно е да се конфигурираат нагодувањата на пребарувачот за да се овозможи прифаќање на одредени колачиња или за да бидете известени секојпат кога ново колаче се обидува да се меморира на вашиот компјутер и тогаш ви се овозможува да одлучите дали ќе го прифатите или ќе го одбиете колачето. За управување со користењето на колачињата постојат различни достапни извори, на пример, делот „Помош“ на вашиот пребарувач. Може да ги оневозможите или да ги избришете зачуваните податоци што ги користи технологијата што е слична на колачињата, како што е, на пример, Local Shared Objects или Flash cookies, така што ќе управувате со нагодувањата на додатоците на својот пребарувач или така што ќе ја посетите веб-страницата на производителот. Со оглед дека нашите колачиња овозможуваат пристап до одредени функции на нашата веб-страница, препорачуваме да ги овозможите колачињата. Во спротивно, ако се оневозможени колачињата, ќе забележите дека функционалноста на страницата е намалена или воопшто нема да може да ја користите оваа страница.