Кои фактори треба да ги земам предвид кога избирам нов покрив?

  • Тој мора да го штити вашиот дом: Климатските промени може да донесат екстремни временски услови во некој од наредните денови. Вашиот покрив мора да биде подготвен за утрешната клима. Лесните метални покриви се така дизајнирани за да останат безбедно на место и во случај на ураган или на земјотрес: фактот дека покривниот систем Gerard е дизајниран да поднесе речиси сè е охрабрувачки. Неговиот систем за хоризонтално прицврстување со заковување на секоја покривна плоча за покривните летви во осум различни точки им обезбедува мир на сопствениците на куќи. Не е за чудење што GERARD може да поднесе дури и ураган, штитејќи ги семејствата и имотот. За другите покривни системи е потребно специјално прицврстување и/или материјали за зони со силни ветрови. Луѓето што живеат во сеизмолошки трусни подрачја често избираат да имаат покрив Gerard од пресуван челик над своите глави отколку еквивалентни бетонски покривни плочи што се околу десетпати потешки. Лесни и силни, нашите покриви се покажаа издржливи при неодамнешните земјотреси во Кантербери. 
  • Одете на квалитет наместo на цена: На крајот на краиштата, покривот Е за цел живот и не сакате да го менувате толку често како што ги менувате автомобилите. На пазарот има покриви што траат само 15 години. Вие сигурно не сакате да се соочите со сите маки и да дадете толку многу пари по толку кратко време. Кога ќе слушнат дека GERARD нуди гаранција од 50 години, луѓето често се изненадени дека вкупниот трошок за челичниот покрив обложен со камен на Gerard може да излезе поевтин од покривот од бетонски плочи кога долгорочно сè ќе се земе предвид. Ако живеете во крајбрежен регион или во регион со силни ветрови, веројатно покривот на Gerard ќе биде поевтин од кој било друг вид покрив затоа што нема да бидат потребни посебни материјали или прицврстување заради справување со екстремните временски услови. 
  • Добар изглед што е направен да трае: Вашиот покрив во голем дел придонесува за вкупниот изглед на вашата куќа, па, според тоа, изборот на материјал што и натаму ќе изгледа добро по повеќе десетици години придонесува за привлечноста на улицата во која се наоѓа вашиот имот и за неговата продажна вредност. GERARD се издвојува благодарејќи на плочите обложени со вулкански камен, кои се суперлесни, отпорни, а, сепак, изгледаат убаво како кој било покрив од плочи или бетон. Исто така, повеќеслојната облога, технологијата на заштита од УВ-зрачење и посебните пигменти што се отпорни на светлина обезбедуваат супериорна отпорност на избледување и губење на сјајот поради влијание на околината, тако што вашиот дом изгледа добро и подолг временски период. Дури и ако вашиот дом е изграден на работ на морето, за вашиот покрив Gerard нема да ви бидат потребни никакви посебни материјални, дополнителни облоги или дополнително прицврстување. Тестирањата покажаа дека челичните покривни материјали обложени со алуминиум и цинк се до осумпати поотпорни на корозија од другите челични покривни производи. 
  • Покрив без мака (или, да кажеме, без грижа): За покривите Gerard не е потребно големо одржување: кај челичните покриви на Gerard обложени со камен не се забележуваат скршени плочи или плочи што недостигаат по летни луњи и нема никакви оштетувања од мраз во зима. 
  • Во случај на замена на покрив подобро е да се биде брз, но, сепак, прецизен: Покривите Gerard исклучително ги монтираат покривопокривачи на Gerard, искусни, професионални изведувачи обучени од Gerard за поставување покриви според највисоките стандарди. Кога вашиот покрив Gerard ќе дојде на вашата локација, тој се испорачува со сè што е потребно. Нашите покривопокривачи носат специјална опрема за сечење и за свиткување, така што монтажата може да се изврши вешто, без никакви одложувања. Кај други видови метални покриви за поставување е потребно покривните панели да се сечат надвор од местото на поставување. Мерките на опшивките не може да се земат додека не биде поставен поголем дел од покривот, а тоа дополнително го продолжува времето на поставување бидејќи потоа и опшивките се произведуваат на друго место.