Всушност, челикот може да се рециклира неограничено многупати, без да ги загуби својствата. Значи, кога металниот покрив GERARD ќе дојде до крајот на својот век на траење, нема потреба да се носи на депонија. Овој материјал може да се рециклира во други челични производи.

Повеќе

Бетонските и глинените плочи може да бидат големи и тешки. За количество за една куќа потребен е камион за транспорт со просечна големина. Со истиот камион може да се пренесат доволно пресувани челични покривни плочи GERARD за 10 куќи, со што се троши помалку енергија за транспорт (и се создава помалку јаглерод).

Повеќе

Во споредба со бетонската ќерамида, за покрив од пресуван челик не е потребно многуносечка граѓа, со што се штеди на ресурсите.Со други зборови, за челичните покриви GERARD потребно е помалку дрво отколку за бетонските или за глинените покриви.

Повеќе

Сметаме дека е многу важно да соработуваме со локалните испорачувачи на нашите суровини бидејќи тоа ги скратува транспортните маршрути и ја намалува емисијата на CO2. Исто така, кога тоа е можно, предност му даваме на железничкиот транспорт.

Повеќе