Системите GERARD имаат исклучителна отпорност на временските услови. Дали тоа ви дава чувство на сигурност?

Покривните системи GERARD се направени за да издржат речиси сè што климатските промени може да му донесат на вашиот дом.

Исклучително силни ветрови? Ви носиме ЗАШТИТА GERARD!

Може да наиде и ураган со брзина од 160 km/h, но покривите GERARD се отпорни на екстремни временски услови и може да го издржат дури и тоа.

Проверете го нашиот легендарен тест за ураган. Тој може со сигурност да го заштити вашиот дом, дури и при најсилни луњи. Која е нашата тајна?

Единствен систем за хоризонтално прицврстување GERARD

Единствен систем GERARD за хоризонтално прицврстување

Секоја плоча хоризонтално се фиксира во 8 различни точки со силни прицврстувачи или со клинци на летвички, со што практично е елиминирано дејството на ветерот. Повеќето други покривни покривки се потпираат на методите на вертикално прицврстување што може да доведат до подигнување при силни ветрови.

Прашајте го вашиот покривопокривач дали некогаш морал да поправа покрив GERARD што е оштетен во луња.

Крупен град и снег? Ви носиме ЗАШТИТА GERARD!

Покривните плочи GERARD може да издржат град со пречник од 30 mm.

 

Екстремните промени на нашата клима може да донесат огромен град што им нанесува штета на покривите. Со покривите GERARD нема грижа! Нашиот покривен систем е отпорен на оштетувања од град со пречник поголем од 30 mm. Дури и крупен град со пречник од 90 mm не може да пробие низ покривите GERARD, па така заштитата на покривот од лоши временски услови останува негибната.

 

Површината на покривот GERARD покриена со мелен камен потенцијално може да спаси живот.
 Неговата груба текстура не дозволува снегот да се лизга туку го држи сè додека тој не се стопи природно и безопасно. GERARD може да издржи оптоварување од снег без деградација на површинскиот слој кога е изложен на снег или на мраз!

 

Зима, мраз и снег? Со покривот GERARD со кој нема грижа, тоа значи забава!

А и вашиот покрив изгледа подобро без оние грди снегобрани!

 

Прашајте го вашиот покривопокривач дали некогаш морал да поправа покрив GERARD што е оштетен од град.

Оган? Ви носиме ЗАШТИТА GERARD!

Куќата што ја зафатил оган е подобро заштитена со системот GERARD.

Куќата што ја зафатил пожар може да се урне под тежината на покривот, но тоа е помалку веројатно под лесниот покрив GERARD од пресуван метал! Покривниот систем GERARD e отпорен на оган бидејќи незапалливиот челичен супстрат и површинското средство за премачкување го спречуваат ширењето на пламенот. Со секоја плоча што безбедно е прицврстена во осум точки мала е веројатноста дека покривот ќе се урне и дека ќе му дозволи на пламенот да се пробие во куќата. Според тоа, покривите GERARD ги поминале строгите меѓународни испитувања за пожари.

Земјотреси? Ви носиме ЗАШТИТА GERARD!

Со оглед на тоа дека е седумпати полесен од бетонските или од глинените покривни прекривки, покривните плочи што се отпорни на екстремни временски услови може дури да издржат и помали земјотреси. Постојат документирани случаи во кои се урнале тешки покривни системи, додека покривите GERARD на иста улица останале негибнати или со минимални оштетувања. Ослабените ѕидови може да издржат лесен покрив и преплетени плочи, а заедно тие даваат цврст покрив.