Добар изглед наменет да трае

Вашиот покрив во голема мера придонесува за општиот впечаток што го остава вашиот дом, па затоа изборот на материјал што добро изгледа од деценија во деценија придонесува за шармот на вашата градба и за нејзината претпродажна вредност.

Повеќеслојните средства за премачкување GERARD, технологијата за заштита од УВ-зрачење и специјалните пигменти што не избледуваат овозможуваат врвна отпорност на избледување и на менување на бојата, а благодарејќи на тоа вашиот дом изгледа убаво подолго време.

Дури и ако вашиот дом е изграден во близина на морето, за вашиот покрив GERARD не се потребни никакви посебни материјали, дополнителни средства за премачкување или дополнително прицврстување. Испитувањата покажаа дека челичниот покривен материјал покриен со алуминиум-цинк има до осумпати поголема отпорност на корозија од другите челични покривни покривки.