Алуминиум-цинк наспроти Цинк-алуминиум наспроти Поцинкувано

Алуминиум-цинк наспроти Цинк-алуминиум наспроти Поцинкувано

Која е тајната зад нашата гаранција од 50 години?

КРАЈБРЕЖЕН ПРЕДИЗВИК

Активностите на компанијата GERARD во истражувањата и во развојот ги комбинираат лабораториските активности со изложеност во реалниот живот и со повеќе од 50 години искуство во користењето челик за изработка на покриви.
 Покривните системи GERARD имаат експериментални покриви што се поставени пред околу 30 години, а ние и понатаму ги следиме.

Во тешки крајбрежни услови, на дивиот западен брег на Северниот Остров на Нов Зеланд, изработени се плочи од три различни супстрати, од поцинкуван челик (100% цинк), цинк-алуминиум (95% цинк и 5% алуминиум) и од алуминиум-цинк (43,5% цинк , 55% алуминиум, 1,5% силикон) и поставени едни до други. Плочите од поцинкуван челик мора да бидат заменети по 14 години, а плочите што се покриени со слој од цинк-алуминиум се заменети по 16 години.

Плочите што се покриени со слој од алуминиум-цинк по околу 30 години и понатаму се во добра состојба и ние ќе продолжиме да ги контролираме и во иднина. Плочите што се покриени со слој од алуминиум-цинк не покажуваат знаци на корозија на бочните страни или на целокупната површина и сигурно се покажаа како супериорни во однос на поцинкуваниот челик и цинк-алуминиумот и на други места, како што се бочните страни или под водонепропустливата облога.

Во сите лабораториски и практични испитувања, кои ги спроведува компанијата GERARD, челикот што е покриен со слој од алуминиум-цинк продолжува да дава подобри резултати од алтернативите во вид на поцинкуван челик и челик премачкан со слој од цинк-алуминиум како најдобар покривен материјал.

ДОКАЖАНИ РЕЗУЛТАТИ НИЗ СВЕТОТ

Дури и најголемиот производител на челик во светот изјави дека облогата од слој на алуминиум-цинк дава подобри резултати од поцинкуваниот челик и од челикот што е покриен со слој од цинк-алуминиум.

Од таа причина GERARD е убеден дека супстратот алуминиум-цинк им дава најдолг век на траење на неговите покривни системи.

Предности за вас

Заштитата од алуминиум-цинк дава врвна отпорност на корозија, а тоа го прави вашиот покрив GERARD двапати потраен од поцинкуваниот челичен покрив.

 Затоа храбро може да му дадеме 50 години гаранција на вашиот покрив GERARD.

Mr. G
Ваши помошници

Дали сакате повеќе информации? Прашајте го господин Г! Придружете му се во пријателскато возење!