ЗА НАС

AHI Roofing е водечка компанија во светот за производство на челични кровни плочи и технологија.
Нашиот асортиман вклучува различни кровни профили за дополнување на различни стилови на куќи. Препознавањето на потребите и на барањата на пазарот претставува карактеристика на нашиот успех.

Во 1957 година компанијата ги изработи првите челични кровни плочи во светот, а во следните пет децении овој концепт е развиван со користење најсовремена технологија што му овозможи на AHI Roofing брза експанзија на сите континенти откако сè повеќе сопственици на куќи почнаа да ги ценат предностите на крововите AHI. Ние ја развивме способноста да произведуваме различни стилови на кровови што одговараат на секој пазар.

Производството на производ што добро изгледа не е доволно на конкурентскиот глобален пазар. Иновативниот дизајн и доследноста во производниот процес се она за што нашите кровни системи се здобија со меѓународна репутација за извонредност. Пионерското користење на челичниот супстрат Zincalume® во нашите кровни плочи, произведен од новозеландскиот NZ Steel Ltd., подружница на BlueScope Ltd, во комбинација со развојот на специјализирани површински премази и технологија на пресување, придонесоа да бидеме светски лидери во челични кровни плочи. Сите наши операции имаат акредитација за ISO 9001, а со тоа нашите купувачи се уверени дека производите се дизајнирани за да ги исполнуваат сите нивни потреби и дека се произведени во согласност со највисоките стандарди за квалитет.

AHI Roofing има историја со која се гордее, а иднината изгледа уште посветла. Нашиот сопственик Fletcher Building Ltd од Нов Зеланд е голема компанија за градежни производи што активно го поддржува нашиот постојан развој низ целиот свет. Наша намера е да го предводиме светскиот тренд на користење на челикот како подлога за кровови додека се движиме низ XXI век.

Во 2009 година AHI Roofing го пушти во работа својот најнов производен погон во Варпалота, индустриски град во Западна Унгарија. Погонот ги набавува своите клучни суровини од Нов Зеланд.

Седиштето на AHI Roofing за Европа, исто така, е лоцирано во погонот во Варпалота.

Резиме:
• Светски лидер во челични кровни системи
• Продажба во повеќе од 120 држави
• Сопственост на четири производни погони
• Два погона за производство со лиценца
• Клучни регионални канцеларии: Нов Зеланд, Малезија, Австралија, Јапонија, Кина, Обединети Арапски Емирати, Словенија, Полска и Франција

Оваа веб-страница користи колачиња, како свои така и од трети страни. Со продолжување на користењето на оваа веб-страница давате согласност за колачињата што се користат.